Спасовски во посета на Тиквешијата: Владата го реши наследениот проблем на лозарите со долгот и обезбеди нови повисоки субвенции

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo Трајан Димковски и повеќе владини претставници, денескa беа во посета на тиквешкиот регион по повод празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите.

При посетата на Кавадарци, премиерот Спасовски присуствуваше на свечениот прием на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев каде се сретна со претставници на дипломатскиот кор и локалната самоуправа, земјоделци, бизнисмени и општествени работници.

По повод одбележувањето на празникот Св. Трифун, премиерот Спасовски присуствуваше на свечената манифестација на симболично закројување на лозови насади и разговараше со граѓани при посетата на штандовите во центарот на градот.

„Пред неколку дена се исплатија близу 583 милиони денари на 15.784 лозари, за основната субвенција за одржување на лозови насади.

Овие субвенции ги исплативме пред почетокот на новата реколта, за да можат лозарите да ги извршат сите потребни агротехнички мерки на лозовите насади “, нагласи премиерот Спасовски, кој посочи дека годините на неизвесност за лозарите завршија и дека Владата преку долгорочна стратегија создава амбиент за стопанисување, поволен и за лозарите и за винариите.

Спасовски потсети дека Владата предводена од СДСМ и коалицијата ги надомести долговите кон лозарите што беа направени во периодот на претходната Влада.

„Оваа Влада го исплати долгот што винарските визби „Повардарие“, „Стефани“ и другите, го имаа кон лозарите за предаденото грозје во 2014 и 2016 година. Вкупно по овој основ исплативме над 100,5 милиони денари и исправивме една голема неправда којашто им беше нанесена на нашите лозари“, нагласи претседателот на Владата, Спасовски.

Тој информираше дека годинава продолжува поддршката за лозарството како извозно ориентирана гранка со над 20 проценти повисоки субвенции за лозарите со развоен капацитет, или 48.000 денари по хектар и 12.000 денари по хектар за промена на сортиментот.

Тој ги спомена новите дополнителни субвенции, во износ од два денари за килограм предадено грозје, кои се воведоа за винските сорти вранец и смедеревка, како и за сортите кратошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кавадарка од реколтата од 2019 година.

Исто така премиерот Спасовски посочи дека за прв пат оваа Влада ја воведе мерката „Зелена нафта“, како помош на лозарите за порентабилно производство и додаде дека за модернизирање и развој на оваа гранка важни се инвестициите што ги нудат и мерките од “ИПАРД 2” Програмата.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Земјоделците ги блокираа приодите до аеродромот во Франкфурт

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан