Земјоделците ги блокираа приодите до аеродромот во Франкфурт

Од:

Стотици земјоделци со своите трактори ги блокираа пристапните патишта до аеродромот во Франкфурт, протестирајќи против владината одлука да ги укине даночните олеснувања за набавка на дизел за земјоделска механизација.

Франкфуртската полиција на мрежата Х предупреди дека патниците кои имаат намера да пристигнат на аеродромот треба да користат јавен превоз поради блокадата на државните патишта, а потоа објави дека се отворени повеќето приоди до најпрометниот аеродром во Европа.

Според полицијата, околу 500 трактори ги блокирале патиштата, но организаторите тврдат дека ги има околу илјада.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД