Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Од:

За време на истрагата за членовите на Хамас, уапсени во декември во Германија и Холандија, истражителите открија складиште со оружје што требало да се користи во нападите врз еврејските објекти во Германија, објавија германските медиуми.

„На југот на Бугарија, во подземен магацин беше пронајдено оружје и муниција што требаше да се користи за напади на Хамас врз еврејски цели во Германија, особено во Берлин“, пишува Шпигел онлајн, повикувајќи се на извори во германската Служба за борба против криминалот (БКА).

Според истите информации пронајденото оружје сега е делумно неупотребливо поради рѓа.

Сознанието за магацинот за оружје е добиено преку анализа на мобилниот телефон на еден од четворицата Палестинци уапсени во декември во Берлин и Холандија поради сомнение дека подготвувале магацини за оружје во Европа, кои треба да се користат за терористички напади, на наредба на Хамас.

Како што дополнително се сомнева и главниот државен обвинител, уапсените веројатно подготвувале и слични подземни магацини во Полска. Во автомобилот на тројца од нив при контрола на германско-полската граница биле пронајдени лопати.

Германските и европските агенции за спроведување на законот добиле информации за членови на милитантното крило на Хамас од израелското разузнавање.

Во јануари германските власти објавија дека наредбата за подготовка на магацини за оружје ширум Европа ја дал самиот Калил ал-Караз, заменик командант на милитантното крило на Хамас, кој оттогаш е убиен во израелски напад.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Хамас објави видео со живи заложници

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски