Хамас објави видео со живи заложници

Од:

Палестинската милитантна група Хамас денеска објави пропагандно видео на кое се прикажани живи заложници Кит Сигел и Омри Миран. Во монтираното триминутно видео, Зигел и Миран се претставуваат и велат дека се надеваат на договор за заложници што ќе им овозможи на нив и на другите затвореници да се вратат дома.

Видеото е без датум, но Миран вели дека бил во заробеништво 202 дена, а Сигел го споменува празникот Пасха, што укажува дека тие биле снимени неодамна, пишува The Times of Israel.

Сигел, американски државјанин, беше однесен со неговата сопруга од нивниот дом во Кибуц Кфар Аз на 7 октомври. Неговата сопруга Авива Сигел подоцна беше ослободена во ноември.

Миран беше заробен од терористите на Хамас од Кибуц Нир Оз за време на нападот.

Хамас претходно објави слични видеа на заробени заложници, за кои Израел вели дека е еднакво на „жалосна психолошка војна“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Хамас е единствената пречка за примирје во Газа тврди Блинкен

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски