ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Од:

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој се граничи со Египет, и дека специјалните сили ја проверуваат областа. Армијата соопшти дека од синоќа силите „оперираат“ во дел од источен Рафа, каде што повеќето луѓе и некои меѓународни организации се евакуирани.

Во раниот утрински брифинг со новинарите беше речено и дека преминот Керем Шалом утрово е затворен од безбедносни причини и ќе биде повторно отворен кога ќе дозволи безбедносната ситуација. Портпаролот на граничната служба во Газа изјави дека израелски тенкови се распоредени долж преминот Рафах.

Три извори за Ројтерс изјавија дека протокот на хуманитарна помош преку преминот е запрен.

Израелската армија вчера изврши воздушни напади врз Рафа, неколку часа откако им нареди на Палестинците во јужниот дел на Појасот Газа да се евакуираат и покрај предупредувањата од меѓународната заедница да не се спроведува план за копнена инвазија.

Се шири загриженоста дека се приближува израелска копнена инвазија на Рафа, град на југот на палестинската енклава каде што повеќе од милион бегалци пристигнаа од други делови на Појасот. Израел со месеци се заканува дека ќе влезе во Рафа, град за кој тврди дека има илјадници борци на Хамас и потенцијално неколку десетици заложници.

Би можело да ве интересира

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ