Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Од:

Српксата влада беше донесена уредба за условите и начинот на спроведување на субвенционираната набавка на нови електрични возила, а правото на субвенција може да го остварат физички лица, претприемачи и правни лица, а барања поднесуваат до 31 октомври во тековната година.

„Како една од мерките на државата за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина, Министерството што јас го предводам обезбеди средства за поддршка на набавка на електрични возила. барања на граѓаните и стопанствениците, до нивното потрошување на вкупната сума или најдоцна до 31 октомври. Доколку се покаже дека интересот на граѓаните и бизнисите значително го надминува утврдениот износ, ќе се потрудиме да обезбедиме дополнителни средства за субвенции набавка на нови електрични возила“, изјави министерката за заштита на животната средина Ирена Вујовиќ.

Регулативата што беше донесена денеска дава поддршка, односно државна помош за набавка на повеќе видови електрични возила:

Граѓаните и правните лица кои сакаат да го остварат правото на субвенционирана набавка на електричен мопед или лесен трицикл може да сметаат на поддршка од 250 евра во динарска противвредност.

За набавка на електрични мотоцикли, мотоцикли со странични седишта, тешки трицикли, лесни и тешки четирицикли, обезбедена е поддршка во износ од 500 евра.

Најголема сума на субвенција има за електрични патнички возила со најмногу девет седишта и електрокарго возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тони и изнесува 5.000 евра.

Владата на Србија на денешната седница ја утврди висината на средствата за изградба, учество во купувањето, односно купување на семејно-станбена зграда или стан по раѓање на дете во вкупен износ од 1.500.000.000 динари во 2024 година.

Со оваа одлука продолжува државната поддршка и помош на семејствата и мајките за поттикнување и развивање на популационата политика во нашата земја, се вели во соопштението на Владата на Србија. Максималниот износ на средства што ќе може да се одобри за изградба, учество во купување, односно купување на семејно-станбена зграда или стан по раѓање на дете, ќе изнесува 20.000 евра во 2024 година, соопшти Министерството за семејна грижа и демографија на Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски