Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Од:

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во ИЕ-2, Оливер Спасовски, денеска се сретна со група пензионери во кино Маџари.

„Денеска сум во Маџари со сограѓаните пензионери, разговараме за европската иднина на државата која заедно ја изградивме. Се грижиме за тие што се грижеа за нас и за државата. Со меѓугенерациска солидарност до европски пензии и двојна победа на 8 мај за европски живот во Македонија!”, истакна Спасовски во своето обраќање пред пензионерите.

„Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари! Во текот на грејната сезона, во периодот од октомври до март, воведуваме енергетски додаток за пензионерите од 1.500 денари”, најави Спасовски, потсетувајќи дека изминатиот период пензионерите беа вклучени во антикризните пакети за време на енергетската криза.

„Впрочем и антикризните мерки изминатиов период помогнаа на голем број пензионери со ниско примања. А, за оние со најниски пензии ќе обезбедиме посебна картичка „Се грижиме за сите“, со која ќе добиваат попуст до 30 отсто”, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он

Спасовски: Годинешниот просек говори за вкупно намалување на криминалот за осум проценти