Ќе се продава Стопанска банка?

Од:

Националната банка на Грција ќе ја продаде Стопанска банка – Скопје, пишува Фактор.мк повикувајќи се на грчкиот весник „Катимерини“.

Продажбата е дел од плановите на Европската комисија за реструктурирање на грчкиот банкарски сектор. Согласно овие планови, грчките банки ќе мора драстично да ги намалат своите активности во странство и да го намалат бројот на експозитури и на вработени дома.

Националната банка на Грција ќе го задржи своето присуство во Турција, преку на мнозинскиот удел во Финансбанк, но до јуни 2018 година ќе мора да се повлече од сите останатите пазари во Југоисточна Европа на кои е присутна – Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Србија, но и од Јужна Африка и Египет.

Ќе и биде дозволени да задржи дел од филијалите на Кипар, Малта и во Обединетото Кралство. Национална банка на Грција (НБГ) е најголем акционер во Стопанска банка – Скопје и најголемата банка во Грција според вредноста на активата, кредитите и депозитите.

Повлекувањето на НБГ од Стопанска банка се најавува уште од минатата година, но сега има конкретен временски план до кога тоа мора да се случи. Од Стопанска банка претходно изјавуваа дека нема планови за промена на акционерската структура на банката, а вакви најави кон крајот на минатата година немаше ниту гувернерот Димитар Богов.

Тој тогаш нагласи дека дури и да биде донесено решение „НБГ“ да се повлече од „Стопанска банка“ АД Скопје, тоа би бил “подолг процес во кој активно би била вклучена и НБРМ“.

„Стопанска банка АД Скопје би продолжила најнормално да функционира на пазарот. НБРМ би водела сметка на крајот од тој процес оваа банка да добие нов доминантен акционер. Сите нејзини клиенти би продолжиле нормално да ги добиваат стандардните услуги од банката“, рече тогаш Богов.

Би можело да ве интересира

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Величковски од НБРМ: Банката не смее да наплаќа за затворање на сметка, дебитни и кредитни картички

Орце Костов

Школа за новинари на ПроКредит Банка: „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“

А1он

На тинејџер случајно му биле уплатени 9 милиони евра на сметка: Сакал да купи Порше