На тинејџер случајно му биле уплатени 9 милиони евра на сметка: Сакал да купи Порше

Од:

18-годишниот Дејн Гилеспи од Белфаст едно утро отишол да ја провери својата банкарска сметка и бил шокиран кога открил дека станал милионер преку ноќ.

На неговата сметка по грешка биле припишани 8 милиони фунти или повеќе од 9 милиони евра, но за жал не смеел да ги задржи парите.

Всушност, Дејн неодамна уплатил чек од баба му од 8.900 фунти, но дошло до грешка кога банката му исплатила илјада пати поголема сума.

Тинејџерот ѝ ја покажал состојбата на својата банкарска сметка на мајка си, која исто така била шокирана.

“Не можевме да поверуваме. Мојот син неколку часа мислеше дека е милионер. Во средата наутро на неговата сметка имаше 8,9 милиони фунти. Добро е што ни кажа и не отиде да го потроши сето тоа”, таа кажа.

„Ми рече дека ќе нарача Порше, а јас му реков: „Не биди луд, тоа не се наши пари, треба да го поправиме ова“, додаде таа.

Банката набрзо сфатила дека е направена голема грешка и била исправена состојбата на сметката, па Дејн сепак не успеал да го земе поршето.

Би можело да ве интересира

Министерство за финансии: Укината можноста да се рефинансира кредит во иста банка

Орце Костов

Миле Зечевиќ од СДСМ не е веќе во надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Орце Костов

Ограбена е банка во центарот на Скопје

Горан Наумовски

Пензионерка по трет пат ограби банка, полицијата е во шок

Форум на „Виенската иницијатива“ во Скопје: Инфлацискиот раст ќе забави годинава

Орце Костов

Од први јануари ќе ги плаќаме сметките и преку фирми кои нудат брзи пари: Банките ќе добијат конкуренција

Орце Костов