Косовската Влада напролет почнува со реализација на проектот за изградба на автопатот Приштина-Скопје, јави дописникот на МИА.
Според Лах Нитај советник во Министертвото за инфраструкура во завршна фаза се административните и законски процедури и голем број домашни и странски компании покажале интерес за изградба на автопатот, кој Косово го поврзува со Македонија, пишува весникот „Коха диторе“.
– Во месец мај почнува новата сезона на работите на патната ифрастукута и ние се надеваме дека до март ќе ја избереме компанијата со цел да ги отпочнеме работите на автопатот. Сепак пролетта е до јуни и можно е мало доцнење, но уверени сме дека доколку се оди според планот напролет ќе ја почнеме изградбата, изјави Нитај.
Со буџетот за годинава, косовската Влада за почеток на реализиација на овој проект има издвоено само 30 милиони евра, а на прашањето дали овие пари се доволни и колку ќе изнесува вкупната инвестиција, Нитај одговара дека се знае приближната цена но оти таа јавно не се соопштува.
Сепак тој нагласува дека поради комплексноста на делницата од Качаник до границата со Македонија ќе има друга вредност од онаа Приштина-Качаник.
– Она што се знае врз основа на техничките параметри и конфигурацијата на теренот, делницата Приштина-Качаник има друга цена, додека 13 километри долгата делница Качаник-Блаце, односно границата со Македонија, поради конфигурацијата ќе има друга цена, изјави Нитај.
Според него целта на Владата е патот да се изгради врз основа на традиционални договори, што подразбира учество од буџетот, не отфрлајќи ги при тоа и поволните кредити.