Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 70 м. има во Крушево, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.

Како што информираат, по усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Оттаму велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Би можело да ве интересира

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

Орце Костов

Магла на патот Тетово – Попова Шапка

Горан Наумовски

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка, магла кај Страцин

Намалена видливост поради магла на патните правци Скопје – Петровец, по Повардарието и од Струмица кон граничниот премин Ново Село

Магла во Повардарието

Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патните правци