По магистралата Кичево-Гостивар сообраќајот се одвива забавено

Од:

Бранот на туристи и посетители кои се враќаат од Охрид, Струга и Маврово овој викенд, предизвика забавено движење на возилата на десетина километри пред Гостивар. Сообраќајната полиција со физичко регулирање кај „Здуњска крстосница“ овозможуваат проток на сообраќајот по магистралата.

Колона од возила која се формира од над каменоломите во правец кон Гостивар се движи полека и според проценките на возачите до патарините им се потребни и по половина час. Протокот на возила по автопатот „Мајка Тереза“ од Гостивар кон Скопје се обезбедува со отворање на дополнителни кабини за наплата.

Од СВР Тетово информираат дека зголемениот број на возила што се јавува особено по завршувањето на викендот придонесува за повремени застои и движење во отежнати услови. За да се воведе подобар проток кај „Здуњската раскрсница“ се исклучени семафорите и сообраќајни полицајци пропуштаат возила со приоритет во одредени интервали.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

Орце Костов

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он