Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

Од:

Десет години откако почна изградбата, направениот пат кој води од Водно кон Сопиште никако да биде пуштен во употреба. Поради блокадите од двете страни на патот, тој се уште служи само како пешачка патека, но не и за првобитната намена. Иако во 2017 година имаше најава дека „наскоро“ ќе биде пуштен во употреба, проекцијата се помести за јуни 2018 година. Но и во октомври 2023 година, блокадите на патот уште стојат. А1он праша во Министерството за транспорт и врски, кога по овој пат ќе почнат да минуваат возила, но конкретен одговор не добивме.

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски го одобри инфраструктураниот проект доставен од страна на ЈП за државни патишта. Очекуваме ЈП за државни патишта во следниот период да достават измени во тек на градба за кои Министерството за транспорт и врски треба да се произнесе, по што ќе следи постапката за аплицирање за добивање на употребна дозвола“, велат од Министерството за А1он.

Делницата долга 4,4 километри, која чинеше 7,7 милиони евра на овие измени стои уште од 2019 година. Тогаш од Транспорт тврдеа дека се чека проектот, па потоа да се побара технички преглед на градбата, како и одобрение за употреба.

Изградбата на овој пат наиде на реакции во јавноста поради сечење на шумата за пробивање на патот, кој пак за жителите на Сопиште и околните места би значел побрзо стигнување до центарот на Скопје со заобиколување на Кисела Вода.

Овој пат освен кон Сопиште, води и кон Сончев град, луксузниот проект за кој паднаа и пресуди во кривичниот суд. Сепак во септември годинава, Апелација го врати предметот на повторено судење, што измешано со измените во Кривичниот законик, ширум ја отвори вратата за апсолутно застарување на делото, како за првообвинетиот екс министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, така и за петмината други обвинети во случајот „Топлик“.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

Орце Костов

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он