Мицевски: Во Сопиште гори гори нискостеблеста шума, засега нема опасност за населението

Од:

Голем пожар попладнево пламна на територија на Општина Сопиште, зад Водно. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека трите авиони „Ер трактори“ се упатени да интервенираат.

Градоначаникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски кој е на лице место вели дека пожарот е избувнат во селото Чифлик кон селото Св. Петка.

– Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се спаси шумата на Водно. На терен интервенираат екипи од скопската противпожарна бригада со командирот Ѕвонко Томевски, припадници на општинското доброволно противпожарно друштво, дел од локалното население. Ги очекуваме и „Ер тракторите“ на ДЗС, рече Мицевски.

На терен интервенираат и четири „пинцгауери“ и десетина пожарникари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он