Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

Од:

Денеска околу 11.00 часот на наплатната станица Романовце во правец кон Скопје, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запрен е автобус со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, управуван од А.С. од Тетово. За време на вршењето на контролата и прегледот врз автобусот, возачот на полицискиот службеник му понудил пари со цел да не продолжи прегледот и контролата, по што тој е веднаш лишен од слобода поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 353 од КЗ и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од страна на полициски службеници на МЕКМ била продолжена контролата врз возилото, при што е утврдено дека возачот користи тахографска картичка, која што не е во негова сопственост. За истото е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна се констатирани прекршоци по член 23 став 5, а казниво по член 55 став и член 60 став 1 од законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во истиот, за што е предвидена глоба во износ од 7500 евра.

Би можело да ве интересира

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити