Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

Од:

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен.

Физибилити студијата покажа дека најоптимална е трасата која започнува од Тетово преку Попова Шапка, Бродец и завршува во населеното место Вешала на македонска страна, а преку тунел ќе се поврзе со територијата на Република Косово.

„Како држава се залагаме за целосно отворање на регионот, бидејќи овој регион има просперитет. Ќе имеме и поголема економска активност само ако имаме подобро поврзување помеѓу земјите и народите. Во овој момент работиме на регионалното поврзување со сите соседи на Северна Македонија.“ истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што денеска го потпишавме овој договор меѓу двете земји. Спомнав дека е избрано најоптималното решение од причина што патниот правец минува низ ски центарот Попова Шапка, што е огромна предност за развој и зголемување на туризмот во овој регион. Ова е почеток на нов инфраструктурен проект кој несомнено ќе ја зацврсти нашата одлична економска соработка со Косово,“ изјави заменик министерот Беким Реџепи.

„Беше огромно задоволство да се започне на овој начин со изборот на проектант изградба на заедничкиот тунел. Патот Тетово – Призрен, ќе биде дел од патот што води до Попова Шапка и ќе треба да изградиме дополнително уште 17 километри пат за кој ќе започнеме со проектирање. Со заедничкиот тунел што ќе го градиме а кој е 6,4 километри и кој ќе биде дел од Коридор 8 ја подобруваме патната инфраструктура меѓу соседните земји во регионот и меѓу градовите Скопје, Тирана и Приштина“, истакна директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Министерот за животна средина и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу истакна дека од косовска страна веќе се работи на патниот правец кој преку изградба на новиот тунел треба да се поврзе со Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Насилник од Тетово сакал да убие 17-годишник, со скалпел го исекол кај вратот и десното уво

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Тетово, автомобил усмрти пешак