Бурмистрова: „Северен ток 2“ е подготвен за експлоатација

Од:

Извршниот директор на „Газпром експорт“, Елена Бурмистрова, денеска изјави дека изградбата на копнениот дел на „Северен тек 2“ е завршена и гасоводот е подготвен за експлоатација.

-Копнениот дел од „Северен тек 2“ е завршен и е целосно подготвен за експлоатација. Се уште траат завршните работи на копнениот дел во во Русија, рече Бурмистрова.

Изградбата на гасоводот продолжи овој месец, откако минатата година беше прекината поради воведувањето на американски санкции.

САД го критикуваат „Северен тек 2“, тврдејќи дека тој ја загрозува безбедноста на неговите сојузници од НАТО во Европската унија, затоа што ја зголемува нивната зависност од Русија.

Русија, пак, ги обвинува САД дека се обидуваат да го блокираат проектот за да може да продолжат да го продават својот поскап гас на европскиот пазар.

Гасоводот ќе пренесува руски гас директно до Германија преку Балтичко Море, по траса слична на онаа на веќе изградениот гасовод со истото име.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек

ЦИА знаела за нападот на Северен тек: Го извеле Украинци и криеле од Зеленски

Катерина Ѓуровски

Според германските истражители: Доказите за уништувањето на „Северен тек“ водат до украинската војска

Горан Наумовски

Русија: Американски разузнавачки агенти се директно вклучени во експлозиите на Северен тек

Ана Ололовска