Според германските истражители: Доказите за уништувањето на „Северен тек“ водат до украинската војска

Од:

Федералната канцеларија за борба против криминалот (БКА) претресла стан во Германија и сослушала жена во рамките на истрагата за саботажа на гасоводот Северен тек.

Тоа е веројатно една од најголемите истражни постапки во историјата на Сојузна Република Германија. Со месеци Федералното државно обвинителство се обидува да ги расветли околностите на нападот на гасоводот Северен тек во септември 2022 година.

Истрагата се води под сомнение за „противуставна саботажа“ на дното на Балтичкото Море. Сојузната канцеларија за борба против криминалот и Федералната полиција имаа задача да ги пронајдат сторителите кои ги уништија цевките на германско-рускиот гасовод на длабочина од околу 70 метри под нивото на морето.

Германските инспектори веќе некое време се фокусираат на 15-метарската јахта по име Андромеда. Се сомнева дека таа го напуштила пристаништето во Росток, на германското балтичко крајбрежје, на почетокот на септември минатата година.

Лицата кои најверојатно биле на јахтата очигледно му приложиле фалсификувани пасоши на изнајмувачот на пловниот објект. БКА подоцна во текот на истрагата открила траги од експлозив на таа јахта.

Според истражувањето на германските јавни радиодифузери WDR и NDR и дневниот весник Süddeutsche Zeitung (SZ), неколку индиции поврзани со изнајмувањето на Андромеда, наводно, водат до Украина и до круговите на украинската војска.

Во овој контекст, се споменува туристичка агенција во Варшава која очигледно служела само како покритие, односно „компанија за поштенско сандаче“ и лажен романски пасош што, според германските истражители, го користел млад Украинец.

Се сомнева дека е поврзан со украинската армија. Покрај него, истражителите на „мета“ имаат и други лица за кои сметаат дека се можни помагачи на групата која е осомничена дека го извршила нападот.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек

ЦИА знаела за нападот на Северен тек: Го извеле Украинци и криеле од Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Американски разузнавачки агенти се директно вклучени во експлозиите на Северен тек

Ана Ололовска

Данските власти објавија слика од мистериозниот објект пронајден во близина на Северен поток

Ана Ололовска