Во Ликовниот салон во Велес синоќа концерт одржаа виолончелистот Филип Томиќ и пијанистката Јована Радовановиќ од Крагуевац, Србија. На програмата беа изведени дела од Шуман, Бетовен и Кастлнуово.
Двајцата музичари магистрирале на престижниот Конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во Москва. Во Велес гостуваат во организација на велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ и на скопското „Илија Николовски Луј“.
Како што појаснија професорите од велешкото музичко училиште, ова беше концерт со посебен музички израз каде стари и нови музички дела од класиците на музиката прозвучија со посебен музички израз и беа посебно интересни да се чујат од познавачите и љубителите на класичната музика.