Поранешниот грчки министер Акис Цохаѕопулос прогласен за виновен за корупција
Судот во Атина денеска го прогласи поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос за виновен за перење пари, по петмесечното судење во најголемиот корупциски скандал во Грција.