Вучиќ: Србија е пред банкрот

Од:

Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ изјави дека Србија е пред банкрот во вистинска смисла на зборот и најави дека мерките за економско опоравување ќе бидат тешки.

За надминување на економската криза, според вицепремиерот нема да се посегнува по популистички мерки.

– Капитализмот значи дека не е работа на државата да наоѓа работа, туку тоа да не му го спречи на оној кој може да најде работа. Нема никому ништо да мачкаме на леб, тоа е работа на секого поединечно, а наше е да не ја укинуваме можноста за лебот и џемот да може да се дофатат на полицата – рече Вучиќ за ТВ Прва.

Тој додаде дека во Србија не постои одговорност кон земјата, државата и народот.

Пред два дена членот на претседателството на Демократската партија, Борислав Стефановиќ, изјави дека власта во Србија ќе распише вонредни избори затоа што не знае што да прави со економијата и стопанството. Според него, изборите зависат од Вучиќ и неговите можности да ги реши „огромните пукнатини во владејачката коалиција“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија