Отворено писмо на геј активист од Србија: И децата може да бидат хомосексуалци

Од:

Еден од геј активистите и организатор на Парадата на гордоста во Белград, Бобан Стојановиќ упати отворено писмо до функционерот на Демократската партија на Србија, Небојша Бакарец, по повод неговите ставови за изложбата „Нашето квир детство“ во организација на Маладинската група на Хелсиншкиот одбор од Белград.

Почитуван господине Бакарец,

Ви се обраќам по повод низата ваши реакции за изложбата „Нашето квир детство“. Ви пишувам како маж на маж, но со тенденција јавно да ве запознаам со некои основни работи кои мора да ги знаете, пред да реагирате или да напишете новинарски текст, кој изобилува со грешки.

Земајќи го во предвид Вашето минато, пред се политичко, сосема е јасен мотивот поради кој го напишавте текстот во магазинот „Печат“, а во кој изразувате несогласување со фактот дека децата може да бидат геј.

Доколку се согласам со Вас, тогаш децата не може да бидат ниту хетеросексуалци, зарем не? Кога некој личност ќе дојде на возраст на дете и ќе каже дека е геј, тогаш мора да знаете дека тоа не е научна работа, бидејќи децата првин учат да бидат хетеро, а не хомосексуалци. Колку во Вашата околина познавате истополови парови со деца, колку во рекламите на телевизија видовте геј парови и во кои цртани филмови се појавува момчето Пајо Патор?

Исто така доколку велите дека тоа е болест, моето прашање е „Зошто сте толку агресивни кон болните деца?“ Но не можам да го поставам тоа прашање, бидејќи не е во прашање болест. И медицината потврди, а доколку се спротивставите ќе мора да ја ревидирате целата меѓународна класификација на болести.

1368775_10202205280399382_370593380_n

Доколку кажете (а велите) дека сето тоа е дел од пропаганда, ќе Ви возвратам со иста мерка, Вас сигурно ве плаќа Русија да водите пропаганда против граѓаните на Србија, кои припаѓаат на ЛГБТ заединицата, само со цел ние да заминеме и тоа од Србија да исчезне. Глупо е зарем не?

Исто така на сметка на Вашиот текст и инцидент кој што се случи во текот на изложбата, би сакал да Ви насочам неколку црти од моето личено (геј) детство.
Роден сум во хетеросексуално семејство, од родители Срби, кои имаат српски имиња и славата православна слава (Свети цар Константин и царица Елена). Моите баби исто така беа верници. Единствена причина поради која што сум еден син во семејството е здравјето на мојата мајка и тешката бременост, доколку ве интересира.

Во оној момент кога децата околу мене дознаа дека се хетеросексуалци, јас дознав дека не сум. Момчињата секогаш повеќе ги сакав, но тоа мене никој никогаш не ме праша. Со тргнување во прво одделение и созревањето, бев премногу среќен што едно момче дојде во моето одделение. Беше многу убав и добар. Подоцна ми со допаѓаа уште неколку момчиња од одделението. Како што сите деца имаат симпатии, така и јас. И не само тоа, туку како и секоја личност која подоцна ќе сфати дека чувствата кон другите луѓе се сосема легитимна работа, без оглед дали се геј или стрејт. Љубовта е љубов.

Но, поради луѓе како Вас ние се чувствуваме лошо, погрешно, болно. Поради луѓе како Вас ние сме несреќни, засрамени и поради тоа од нас се одрекуваат семејствата и пријателите.

Господите Бакарец, поради луѓето како Вас некои млади лица си го одземаат животот, бидејќи вие крајно неодговорно им велите дека не постојат. Токму затоа што сте татко, ви велам Срам да ви е. Срамете се од важата неможност во политичкиот живот да постоите надвор од контекстот на омразата кон младите луѓе, кои дополнително ги маргинализирате. Немојте само да кажете дека сте спасиле животи на млади луѓе. Да, и секоја чест за тоа, но доколку спасите еден живот, не ви се дава за право да уништите два.

Сакам да ви се заблагодарам (со блага иронија) и на придонесот за посетеноста на изложбата, бидејќи без Вашите испади овој храбар и искрен чекор на група прекрасни млади луѓе од мојата и Вашата Србија ќе беше помалку видлив.

Господине Бакарец, мора да знаете уште една работа, дека со омразата не добивате ништо. Можеби ќе добиете по некој политички поен, но тоа не трае долго.
Длабоко верувам дека можеби еден ден Вашиот син, внуци или некој во блиското семејство ќе дојде и ќе ви каже дека сака личност од ист пол. Знам дека во Вас лежи едно добро битие, па верувам дека нема да реагирате негативно, туку дека ќе се повлечете. Кога ќе почнете да молчите за оваа тема, ќе знам дека имам во Вас сојузник , бидејќи ќе знаете колку е тешко кога некој Ваш сакан ќе биде опколен со омраза.

Со надеж дека едни во други ќе го препознаеме само она најдоброто.
Срдачен поздрав,

Бобан Стојановиќ

Што напиша Бекарец?

Реагирајќи на соопштението на Хелсиншкиот одбор, во кое се наведува дека Небојша Бакарец искинал плакат за изложбата „Нашето квир детствто“, тој во текст во „Печат“ демантираше дека тоа го направил.

Тој во текстот изложбата ја нарече „Нашето лошо детство“ , а Парадата на гордоста „Парада на срамот“. Пишувајќи за богатата програма на Парадата, тој вели дека намерно ја цитирал истата за да се види неодговорноста и расфрлувањето со пари.

Очигледно е дека се платиле странските покровители или самонаречени здруженија на педери, лезбејки кои се толку богати, но и тоа е исто, парите потекнуваат од странство. Сакам да кажам дека јасно се гледа дека ЕУ и САД вложиле значителна сума пари во самата Парада-Недела на срамот и јасно е дека секоја година тие средстава ќе бидат се поголеми, како и политичката поддршка, притисоци и закани. Мораме многу да се загрижиме. Не сме свесни колку. Секако се поставува прашањето кој ги контролира тие трошоци, дали се плаќа данок и слично-пишува Бакарец.

Тој на крајот на текстот наведува дека од правата на хомосексуалците поважно е правото на опстојување, правото на заштита на малолетниците, а тие се првенствено целната група на хомосексуалните пропагандисти и манипулатори.

Превод: Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија