Работна вечера на Дачиќ и Тачи со Ештон

Од:

Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе имаат работна вечера со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон.

Како што јави Танјуг, средбата се одржува на иницијатива на Ештон во време на драстично заострување на одностите меѓу Белград и Приштина, по одлуката на косовските власти да им забраната на српските владини претставнци да го посетуваат Косово за време на кампањата за локалните избори закажани за 3 ноември.

Дачиќ најави дека ќе се повлече од дијалогот Белград-Приштина, доколку одлуката на косовските власти остане во сила, додека претставници на Владата на Косово истакнаа дека нивната забрана е неотповиклива.

Ваквата одлука српскиот премиер ја оквалификува како „невиден скандал“, додавајќи дека таа може да го направи беспредметно продолжувањето на дијалогот.

– Ако јас како потписник на Брислескиот договор не можам да отидам во Косово и да агитирам за изборите кои се распишани според приштинските закони, тогаш се поставува прашањето каква е целта на ваквата одлука и дали таа не претставува чиста опструкција на Брислексиот договор, нагласи Дачиќ.

Од друга страна, Тачи оцени дека решението на Приштина претставуува „автономна одлука во рамките на уставните и законските овлстувања“ на косовските власти. ЕУ од своја страна досега одбегнуваше јавно да го коментира ова прашање. – Внимателно ја следиме состојбата и сме во контакт со двете страни, изјави портпаролот на Ештон, Маја Коцијанчич.

Специјалниот претставник на ЕУ во Приптина, Самуел Жбогар пак оцени дека одлуката на косовските власти е „последица на нервозата на двете страни“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија