ЦИА: Олбрајт силно им се закануваше на Србите

Од:

Некогашниот амбасадор на САД во ОН, Медлин Олбрајт сакаше по секоја цена да ја задржи санкцијата против Србија и Србите во БиХ, за да тие бидат принудени да прават отстапки. Таа го заговараше основањето на Хашкиот трибунал, верувајќи дека тоа е најважниот елемент за мир, наведува ЦИА во еден документ од 1996 година, од кој е отстранета ознаката доверливо.

Таа на судот во Хаг му ја препиша заслугата поради тоа што политички и воени лидери на Србите во БиХ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ не заминаа на преговорите во Дејтон.

Според документот на ЦИА, таа нагласила дека Русите биле против секое напомнување да се бомбардираат Србите и дека говереле дека НАТО нема зошто да се меша во БиХ.

Кога се случи бомбардирањето во БиХ, во Вашингтон и во ОН се забележа загриженост, бидејќи од акцијата немаше никаква корист, туку само беа заробени припадници на ОН. Олбрајт тогаш се залагала НАТО да биде уште поагресивен.

Американскиот преговарач, Ричард Холбрук сметал дека санкциите против Србија треба да се отстранат пред преговорите во Дејтон, бидејќи Слободан Милошевиќ нема да патува ниту на преговори, наведе таа.

-Тоа веројатно беа нашите најсериозни двоумења, превенствено затоа што знаев колку е тешко воопшто да се воспостават санкции. Знаев дека тоа е исклучителен случај, дека ние имаме предност. Но немавме време и мораше да ја завршиме работата, бидејќи се ќе тргнеше во друга насока. Овој пат морав да им кажам на Србите дека санкциите остануваат, доколку не се покорат-рекла Олбрајт.

Таа наведува дека на Милошевиќ морало да му се стави до знаење дека САД се главна сила и дека нема смисла да се откажат од таа моќ, а се испостави дека била во право.

Во документот на ЦИА од 1996 година стои дека таа била исфрустрирана од проблемите во ОН и несогласувањето на американските ставови и желбите на Русите, Французите и Британците.

-Во раната фаза, 1993 и 1994 година имаше еден претставник од Венецуела, Дијего Аријас, кој беше гласен заговарач на муслиманската перспектива и многу моќен во движењето на невразаните, па имаше контрдикции од сите страни-открила таа.

Олбрајт како посебен проблем го наведе француското и британското одбивање да се отстрани ембаргото за оружјето во БиХ на тогашните муслимански сили.

-Кога и да предложевме укинување на ембаргото за оружје, британските или француските амбасадори ќе речеа „Вие немате право ништо да зборувате. Вие немате сили на теренот“.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада