Четири членки на ЕУ стравуваат од „социјалниот туризам“ на Ромите од Бугарија и Романија

Од:

Австрија, Германија, Велика Британија и Холандија бараат можност за протерување на граѓани на другите земји на ЕУ, а за оваа иницијатива ќе стане збор на следната средба на министрите за внатрешни работи на Унијата.

Во писмо упатено до членките на ЕУ уште пред шест месеци, овие четири земји побараа од Европската комисија да делува против т.н. „социјален туризам“.

Виенскиот дневен весник „Пресе“, меѓутоа, укажува дека ова барање е во спротивност со слободата на движење во рамките на ЕУ, која во сите европски договори е наведена како една од четирите основни слободи во Унијата.

Министри за внатрешни работи на овие четири земји сакаат да се воведе можност за протерување на граѓаните на ЕУ кои ги злоупотребуваат социјалните услуги на друга членка. Цел на четирите земји се, пред се, Ромите од Романија и Бугарија, за кои тврдат дека заминуваат во западна Европа со цел таму да живеат од социјална помош.

Во Германија оваа мерка ја побара локалните власти, откако во некои градови се појавија  проблеми со преоптовареност на градските буџети со трошоци за социјална помош.

Во Велика Британија зад оваа иницијатива стојат евроскептиците меѓу пратениците од редовите на владејачката Конзерватива партијата на премиерот Дејвид Камерон, како и Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), додека во Холандија има притисок од десничарските популисти.

Австрија ја поддржува оваа иницијатива од солидарност, бидејќи, како што нагласи министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер, оваа земја нема искуства со злоупотреба на социјалната помош.

Европска комисија истакнува дека не постои потреба за прземање мерки без јасни факти и податоци за злоупотреби на социјалните услуги, наведува „Пресе“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори