Бугарија оди на нови избори

Од:

Претставниците на партијата Има таков народ (ИТН) на слави Трифонов денеска му го вратија на бугарскиот претседател Румен Радев третиот и последен мандат за состав на влада што им го врачи тој, со што се отвора пат за закажување вонредни парламентарни избори во Бугарија.

Мандатот што ѝ беше даден на ИТН беше последна шанса да се формира редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори.

На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Продолжуваме со промените“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот Парламент, но нивните обиди да формираат влада претходно беа неуспешни.

Првиот мандат Радев ѝ го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада – мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.

Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков, кандидатот за премиер кој беше предложен од втората најсилна коалиција во бугарското Народно собрание – Продолжуваме со промениата – Демократска Бугарија“ (НП-ДБ), но тој веднаш го врати мандатот.

Во согласност со бугарскиот Устав, претседателот на државата го доверува третиот мандат за состав на влада на некоја од останатите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена.

Според Уставот, ако не се постигне согласност за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи именува преодна влада и во рок од два месеца распишува нови предвремени избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески