Војвотката од Сасекс, Меган Маркл презема сѐ поголема улога во британското кралско семејство, станувајќи заштитничка на четири организации, меѓу кои и Националниот театар.
Покрај тоа, британската кралица Елизабета Втора ѝ ја предаде и улогата на заштитничка на Асоцијацијата на универзитети во Комонвелтот.
Маркл ќе стане и препознатливо лице на Смартворкс – што се грижи за жените од ранливи категории и лондонската организација Мејту, која дејствува и на меѓународно ниво.
Таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари своето прво дете го очекуваат напролет.