И покрај светската слава, поранешниот Битлс, Пол Макартни доживеа во Њу Орлеанс „минута анонимност“ кога го замениле за уличен свирач.
Патниците не се возбудиле премногу кога 70-годишниот Макартни се качил на градскиот трамвај, заедно со сопругата Ненси Шевел и техлохранителот. Едноставно не го препознале.
Не реагирале ни кога почнал да ги пее неговите песни. Поголемиот број го игнорирале, мислејќи дека е еден од многубројните локални музичари кои заработуваат свирејќи на улица. Имало и такви кои импресионирани од неговиот настап, фрлале пари.
– Се качи во трамвајот и почна да ги пее песните од Битлси. Во почетокот сите го игнорираа, затоа што во градот има многу улични свирачи, рече еден од патниците на ова интересно возење. – А потоа сфативме кој е тој и бевме во шок.
– Почна да пее заедно со сите патници во трамвајот. Беше тоа едно неповторливо искуство, еден од најубавите денови во мојот живот, рече овој љубител на Битлси.
Макартни и неговата сопруга Ненси дојдоа во Њу Орлеанс заради Супербол, кој се одржа во неделата, како и познатиот карневал Марди гра.