Додека другите „плачат“ што не успеале да обезбедат учество на фестивалот Беосонг, Маја Оџаклиевска вели дека не сака да учествува на фестивалот бидејќи е уморна од вакви натпреварувања, каде е најмалку важно дали песната е добра или не е.
Јас сум учествувала на многу фестивали и смешно ми е да се натпреварувам со анонимуси. Немам сила да се справувам со нови диктати и не можам да прифатам да се натпреварувам ако од старт знам дека песната не е единственото оружје. Или знаеш, или не знаеш да пееш, или имаш добра песна, или немаш, тоа би требало да биде единствениот критериум, а не по принципот дај ми, ќе ти дадам – изјавила Маја, која на Беосонг би требало да настапи со песната „Ангел од небото“, која е компонирана од Никола Буровац.
Кога ми кажа Никола дека одиме на Беосонг, се разболев, добив температура и грозница“ – објаснува 57-годишната пејачка и вели дека Евровизија не ѝ е доволен предизвик, додавајќи: „Му реков на Буровац, наместо мене, да пее неговата талентирана сопруга Милена Вучиќ. Нека се натпреваруваат младите, јас своето си го завршив – заклучила Маја.