Македонската естрадна ѕвезда Калиопи Букле ѝ го претстави на јавноста видео записот за својата нова песна наречена „Пресуда“.
„Пресуда“ е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик.
Зад музиката, текстот и аранжманот стои потписот на текстописецот Ромео Грил, а видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје.
Песната е снимена во ГМП студио во Базел, Швајцарија и Морис студио во Загреб, Хрватска, а песната ја снимале Дон Карло Џовани (Базел) и Филип Видовиќ (Загреб), кој стои и зад миксот и мастерингот.