Ник Кејв и неговиот бенд Д Бед Сидс го најавија новиот петнаесетти по ред студиски албум насловен „Push The Sky Away“, закажан за 18-ти овој месец.
Првиот сингл од ова издание кој доби видео запис беше „We No Who U R“, а сега свое видео издание доби и вториот сингл од претстојниот албум.
Станува збор за нумерата „Jubilee Street“, чиј видео запис веќе предизвика големо внимание и контроверзии.
Причините за тоа се голите сцени поради кои видео записот е забранет за лица помлади од 18 години на ЈуТјуб.