ЕХФ го суспендираше Данило Брестовац

Од:

ЕХФ му изрече суспензија од еден натпревар на тренерот на Металург, Данило Брестовац,  и тој нема да може да го води тимот на гостувањето кај Чеховски медведи во рамките на петтото коло во Лигата на шампиони.

Брестовац на претходната средба кај Силкеборг во Данска беше исклучен и мораше предвреме да го заврши натпреварот поради бурната реакција кон судиите и делегатот.

Органите на ЕХФ не толерираат неспортско и агресивно однесување, па му доделија казна од еден натпревар.

Од македонскиот клуб можат да се жалат на одлуката во рок од седум дена, но тоа нема да има некаков ефект во однос на утрешниот натпревар.

За Металург, кој сезонава тешко се справува со лошите резултати во Лигата на шампионите каде има четири порази на исто толку натпревари, отсуството на тренерот Брестовац ќе биде дополнителен проблем.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот македонски кошаркарски селектор Јанко Луковски

Горан Наумовски

Марсеј остана без тренер

Предраг Петровиќ

Драма во Словенија: Тренер изгуби свест на натпревар, лекарите се бореа за неговиот живот

ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради наводи за учество во „местење“ натпревари

Катерина Ѓуровски

Американски тренер e обвинет за злоупотреба на девојчиња, некои на возраст од 11 години

(ВИДЕО) Тренерот од Славонија ја крши масата и им вреска на тинејџерите: „Ќе ве претепам“