Познатата американската дива, Бијонсе европската турнеја ќе ја започне во Белград, со спектакуларен настап на 15-ти април, а два дена подоцна ќе настапи во Загреб.
На турнејата насловена „The Mrs. Carter Show World“, популарната пејачка ќе настапи во 20 европски градови, а планирано е да одржи и четири настапи во О2 арената во Лондон.
Картите за настапот на Бијонсе чинат 27, 39, 45, 55 и 59 евра, а ќе бидат пуштени во продажба од 6-ти февруари. Истите може да се набават на веб сајтот на познатата пејачка, како и во слободна продажба.