Песната „A meta“ од Игор Митровиќ од 2010 година со која конкурираше на фестивалот “San Remo”, поставена е дури вчера на Јутјуб поради договорот со кој му било забрането тоа да се направи досега.
Пред две години беше отворена и интернационална вечер за нови ѕвезди каде што ќе можат да се испромовираат и во Италија, песната влезе во најтесниот круг, во 10-те финалисти, од вкупно 1.200 кандидати низ целиот свет.
10 финалисти ги одбра стручно жири од Италија и тие 10 песни се вртеа цел месец во Италија, каде што публиката гласаше кои 6 од тие 10 ќе настапат во живо. Игор Митровиќ заврши 7-ми по ред и поради таа причина тој не настапи на фестивалот.