Поп-ѕвездата Псај ќе настапи во петок, заедно со бразилскиот пејач Клаудио Лејте на карневалот во Салвадор. Следниот ден, јужнокореецот Псај, ќе учествува и на познатиот карневал во Рио.
Псај, чие вистинско име е парк Џе Санг, стана познат во целиот свет, откако во декември минатата година, ја издаде неговата песна „Gangnam style”.
Триесет и петгодишниот пејач, за глобалниот хит доби највисоко признание во својата земја, „Okgwan” – Медал за заслуги во културата.