Гласините за тоа дека соработка на поп пејачката Лејди Гага и Тони Бенет би можела да резултира со заеднички џез албум, конечно се потврдени.
Лејди Гага на нејзиниот Твитер профил објави фотографија од настап со Тони и напиша: „Еве ме мене и мојот згоден фраер, едноставно не можам да го дочекам нашиот албум“.
Инаку, Бенет ја придружуваше Гага на неодамнешниот настап во Белата куќа каде ова невообичаено дуо изведе нова верзија на песната „Born This Way“, а неколку месеци претходно заедно ја испеаја песната „The Lady Is A Tramp“.