Британскиот рокер Морисеј поради воспаление заврши во болницата во Ројал Оак, во американската држава Мичиген, што го принуди да откаже дел од концертите на американската турнеја, објави неговиот портпарол.
Поранешниот фронтмен на The Smiths бил хоспитализиран во петокот, претходно откажувајќи го во четвртокот концертот во Флинт.
Портпаролот на британскиот пејач додал дека бил примен во локалната болница „William Beaumont Hospital” во Ројла Оук, и бил подложен на тестови поради сомневање за инфекција на мочниот меур.