Шкотската полиција соопшти дека го пронашла безживотното тело на пејачот на бендот „Фрајтенд ребит“, Скот Хачинсон, на брегот од Ферт ов Форт.
Телото на Хачинсон, кој два дена се водеше за исчезнат, е откриено доцна синоќа.
Во последниот период блиските на Хачинсон беа загрижени поради неговото ментално здравје.
Пејачот на шкотската рок група долго време страдаше од депресија, а за тоа јавно говореше со цел да им помогне на другите полесно да се спарават со овој проблем.