Јоце Панов промовираше албум во Србија

Од:

Македонскиот пејач Јоце Панов во соработка со „Сити Рекордс“ го промовираше својот втор албум на српски јазик „Ватрени печати“. Албумот содржи 14 нови и пет бонус песни и може да се набави во сите поголеми музички продавници низ Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Водителката Ирина Кришка во име на „Сити Рекордс“, најголемата српска издавачка и промотивна куќа, во својот говор го прогласи Јоце Панов за легитимен наследник на Тоше Проески, нивниот прв ексклузивец во 2005-та година.

По промоцијата на албумот, на Панов на сцената му се придружи и Џеј Рамадановски со кого направија забава, а најавената промоција прерасна во осумчасовно ексклузивно шоу.

Пејачот Јоце Панов го очекуваат уште три закажани промоции во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Албумот во Хрватска ќе биде издаден од продукцијата „Аквариус Рекордс“.

По успешно поминатата промоција, менаџментот на Јоце Панов одлучи да се организира бесплатен автобуски превоз и за следните промоции во целосна организација на маркетинг и пи-ар менаџерот Гоце Маневски.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски