В четврток ќе се открие кои ѕвезди доаѓаат на „Ентер фест“ во Скопје

Од:

Организаторите на музичкиот фестивал „Ентер фест“ во четврток напладне ќе одржат прес конференција на која ќе ги откријат имињата на регионалните ѕвезди што ќе настапат на фестивалот.

Македонскиот „Вудсток“, како што го нарекуваат, ќе почне на крајот на мај и ќе трае шест дена. Билетот за сите шест вечери од фестивалот ќе чини само 1100 денари.

За оваа сума посетителите ќе можат да уживаат во настапот на големи музички ѕвезди и над 60 бендови од целиот регион. Фестивалот ќе се одржи на две големи сцени, отворена и затворена во и околу спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Ова е прв пат Скопје да биде центар на ваков голем музички хепенинг. Организаторите очекуваат на фестивалот да дојдат љубители на добрата музика од целиот регион. Тие, исто така открија дека поради намерата ова да биде забава за сите, пивото ќе се продава за само 80 денари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски