Некогаш популарната Ар-ен-би група „Дестинис Чајлдс“ повторно се појавија заедно на сцена и тоа на фестивалот „Coachella“ во саботата.
Кели Роуланд и Мишел Вилијамс по три години пауза и се придружија на Бијонсе на сцената, па заедно отпеаја три од нивните хитови од периодот кога беа група.
Имено, настапот беше збогатен со „Lose My Breath”, „Say My Name” и „Soldier”.
– Коачела, ти благодарам што повторно не обедини, изјави Бијонсе потоа.
Фестивалот се одржува еднаш годишно, секоја пролет и трае два викенда, во градот Индио, Калифорнија, САД.