Северина Вучковиќ неодамна го објави 12-от студиски албум, “Добредојде во клубот” кој наиде на одличен прием кај публиката. Покрај новите песни, пејачката ги израдува обожавателите и со ново промотивно видео.
Покрај деловите од нумерите “Танго”, “Тарапана”, “Узбуна”, за публиката се подготвени и интересни снимки на кои пејачката е во провокативно издание.
По спотот за песната “Узбуна”, следуваше ново видео. Исечоците на песните се илустрирани со интересни фотографии.
Веќе навикнавме пејачката да ја гледаме во оскудна облека, па ни ова видео не е исклучок, Северина во него се појавува во многу предизвикувачки комбинации.