Концерт на „Културно уметнички работници“ в сабота во МКЦ

Од:

„Културно уметнички работници“ в сабота, 27 јануари, во МКЦ ќе одржи концертна промоција на албумот „K.U.R.VI“.

Концертот ќе биде со почеток во 21 часот, а цената на билетите во претпродажба е 150 денари, а на денот на концертот 200 денари.

Групата „Културно уметнички работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе-барот „Браво” помеѓу членовите на групите „Тотално опуштање“, „No Name Nation“, „Бомбашки процес“, „Жолтица на бродот Баунти“ и „Рок агресори“. Имено, членовите на овие групи решија да се состават во една дива орда и со здружени сили да се борат за ширење на рок-културата.

К.У.Р. има издадено 6 албуми, има одржано голем број самостојни концерти и има свирено на сите позначајни фестивали во Македонија и регионот. Меѓу најзначајните настапи се вбројуваат оние на „Егзит“ во 2008 година, „Аларма панк џез“ фестивалот во Софија во 2009, Гитаријадата во Зајечар 2005 година, „Пиволенд“ во Скопје 2008, првото издание на фестивалот „Таксират“ во 1999 година, фестивалот „Аларм“ во Љубаниште 2002, „Фјужн“ фестивалот во 2003, „Рок фест“ итн.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски