„Браќа Нуне“ го промовираа првиот албум

Од:

„Браќа Нуне“ – Филип и Раде Нуневски, минатата недела го промовираа своето првенче, албумот „По патот“.

Во хотелот „Queеn’s“, пред многу гости, соработници, новинари, пријатели, се одржа промоцијата каде Филип и Раде отсвиреа во живо и дел од музиката на албумот, а водители беа Лила Филиповска и Ване Маркоски.

Овој албум е прв солистички и авторски на Браќа Нуне. Во него се појавуваат и соработници и гости како Светолик Нуневски ,Милан Завков, Милан Кацарски, Николче Мицевски, Златко Миладиновски, Војче Петрушев, Никола Митровиќ,Али Латифов, Далибор Ефтимовски, Дејвид Демир и Горан Гешовски воедно и продуцент на овој албум.

– На овој албум е работено повеќе од една година и се состои од 11 композиции. Очекуваме истиот да наиде на добар прием oд публиката, велат браќата.

На самата промоција, гостите имаа можност да го набават новиот албум, а со средствата собрани од истиот, Филип и Раде ги израдуваа дечињата од „СОС Детско село – Македонија“ со новогодишен подарок.

Пред овој прв солистички албум, најзначајна за нив е и соработката во оркестарот на Есма Реџепова.

Албумот е веќе пуштен во продажба.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски