Плодната 2017-та, Eye Cue решија да ја заокружат со четвртиот сингл насловен „Можам но не сакам“.
Овој сингл е во продолжение на „Најдобар“, „Мојот Крал“ и „Колку добро те знам“.
Песната е авторско дело на Бојан Трајковски кој ја напиша музиката и текстот, а за аранжманот ги здружи силите со Дарко Димитров.
Снимена е во студиото Music House и студио „Димитрови“ и е дел од третиот албум „Сепак ми е забавно“.