Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, на својот настап во забавно музичката емисија „А страна“ настапи пред хрватската публика со изведба на неколку македонски народни песни.
„Зошто си ме мајко родила”, „Битола мој роден крај” и „Како што е таа чаша” беа дел од изборот на фронтменот на „Парни Ваљак“ во новото забавно шоу кое ќе се емитува на првата програма на Хрватската радио телевизија.