Македонската група „Меморија“ по пауза од 25 години утревечер ќе одржи концерт во Метрополис арена.
Концертот е по повод 35 години од основањето на бендот и ќе настапат членови од различни постави, меѓу кои и пејачите Апостол Поце Икономов и Ристо Самарџиев.
Басистот и еден од основачите на групата, Петар Георгиевски-Камиказа, најави концерт со врвна техника, специјални аудио и визуелни ефекти.
„Меморија“ годинава го издаде шестиот албум, насловен „Антологија на балади“, со 11 песни од кои последната е познатата „Оган под ѕвездите“.