Нов албум на Жељко Бебек

Од:

Легендарниот пејач Жељко Бебек денеска во Белград го промовираше својот нов албум „Ono nešto naše“, на ЦД и на плоча.

Се работи за дискографски проект кој се најавува подолго време, а беше навестен со синглот „Prvak sveta“, промовиран на ЦМЦ фестивалот во Водици во 2015 година. На албумот се наоѓаат вкупно девет песни.

Продуцент на плочата е Бранимир Михаљевиќ, кој воедно е и автор повеќето песни.

– Трите сингла коишто настанаа пред самото излегување на албумот и реакцијата на публиката на нив, ми беа доволен знак дека дошло време за нов албум, а од последниот поминаа пет години. Влегов во студио и со Бранимир ги снимив песните, што пак, ги пеев уживајќи. И од моментот кога завршивме со снимањето, нестрпливо го чекавме денот кога и физички ќе го држиме в раце, изјави Бебек.

Тој додаде дека гостин на албумот е Оливер Драгојевиќ.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски