Британската Кралска филхармонија во пролетта 2018 година ќе одржи мини турнеја заедно со холограмска проекција на пејачката легенда Рој Орбисон.
Орбисон почина во 1988 година, но благодарение на напредокот на техонологијата филхармонијата изработи негова холограмска проекција.
Синот на Рој Орбисон, Алекс, кој ја предводи продукциската куќа основана од неговиот татко, вели дека холограмските настапи ќе претставуваат комбинација на рокенрол музиката засилена со цел филхармониски оркестар.
За време на турнејата ќе биде промовиран албумот „Во соништата“, во новата електронска холограмска верзија.