Шест жители на Малави убиени под сомнеж дека се вампири

Од:

Шест жители на областа Муланџе во африканската држава Малави биле убени во текот на септември поради сомнеж дека се вампири.

Во најмалку три инциденти, локални жители се самоорганизирале и ги нападнале своите соселани за кои се сомневале дека пијат човечка крв, како дел од ритуали за црна магија.

Локалниот полициски комесар Џејмс Кадаџера изјави дека испратиле стотина полицајци во областа за да спречат натамошни напади врз основа на вакви бизарни образложенија.

Меѓу нападнатите имало и странски државјани, поради што Американската амбасада во Малави им нареди на членовите на хуманитарната организација Мировен Корпус да се повлечат од областа, стравувајќи од ескалација на насилствата.

Би можело да ве интересира

Потпретседателот на Малави загина во авионска несреќа со сопругата

Горан Наумовски

Цела земја на нозе: Исчезна авионот со потпретседателот на Малави

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица

Во Малави 292 жртви на колера, 9.447 заразени

А1он

Уставниот суд на Малави ги поништи резултатите од претседателските избори

Ана Ололовска

Актуелниот претседател на Малави освои нов мандат